Достапни линкови

Саакашвили не се враќа во Грузија


Поранешниот претседател на Грузија, Михаил Саакашвили.

Поранешниот претседател на Грузија, Михаил Саакашвили.

Поранешниот претседател на Грузија, Михаил Саакашвили, изјави дека нема да се врати во земјата за да присуствува на испрашувањето за смртта на премиерот и за други случаи за време на неговото владеење во 2005 година. Говорејќи на грузискиот Рустави 2 канал, од Холандија, Саакашвили рече дека нема да ја почитува поканата да се појави в четврток на испрашување. Тој вели дека европските политичари му рекле дека неговото потенцијално апсење би можело да ја забави интеграцијата на Грузија во Европската унија. Саакашвили ја напушти Грузија, кратко време откако заврши неговиот втор мандат во ноември. Ако Саакашвили не се појави на испрашувањето, новата грузиската влада рече дека ќе го стават на листата на „бараните“. Обвинителите поднесоа обвиненија против повеќе сојузници на Саакашвили. Американскиот Стејт департмент во неделата изрази загриженост во врска со случајот.
XS
SM
MD
LG