Достапни линкови

logo-print

Лидерите на Г-7 ќе разговараат за Крим


Лидерите на земјите од групата Г-7 земји денеска треба да разговараат за понатамошните мерки по руската анексија на Крим. Лидерите на Г-7 ќе се состанат на маргините на Самитот за нуклеарна безбедност во Холандија. САД и Европската унија воведоа санкции за некои членови од блискиот круг соработници на рускиот претседател Владимир Путин. Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, во неделата изјави дека ЕУ била обединета во намерата да се наметнат економски санкции. Средбата на лидерите на Г-7 доаѓа еден ден откако украинскиот министер за надворешни работи Андриј Дешчутсиа изјави дека шансите за војна меѓу неговата земја и Русија се зголемуваат.
XS
SM
MD
LG