Достапни линкови

Авганистан - Нападот врз Серена дело на странска разузнавачка служба


Авганистан обвини дека нападот врз луксузниот хотел Серена во Кабул во четвртокот бил испланиран од странска разузнавачка служба. Во соопштението од авганистанскиот Национален совет за безбедност не се прецизира која земја е наводно одговорна, но авганистанските власт често го обвинуваат Пакистан дека ги поддржува милитантите кои вршат терористички напади во Авганистан. Авганистанскиот Национален совет за безбедност исто така заклучи дека студентите на пакистанските верски училишта се подготвуваат да ги нарушат претседателските избори во Авганистан закажани за наредниот месец. Советот соопшти дека ниту талибанците, ниту милитантната мрежа Хакани не биле свесни за нападот.
XS
SM
MD
LG