Достапни линкови

Национален фронт води на локалните избори во Франција


Претседателката на Националниот фронт Марин Ле Пен.

Претседателката на Националниот фронт Марин Ле Пен.

Првичните излезни анкети покажуваат дека крајно десничарската партија Национален фронт доби голем број гласови во многу градови во првиот круг од вчерашните локални избори во Франција. Излезните анкети на националната телевизија покажуваат дека Националниот фронт освоил апсолутно мнозинство во северниот град Анен-Бомон, и дека води во уште три града. Претседателката на партијата, Марин Ле Пен, изрази задоволство од, како што оцени, исклучителните резултати во првиот круг. Вториот круг треба да се одржи наредната недела. Се очекува владејачките социјалисти да претрпат големи загуби. Ова е прв изборен тест за претседателот Франсоа Оланд откако ја презеде функцијата во мај 2012 година. Оланд има рекордно низок рејтинг.
XS
SM
MD
LG