Достапни линкови

Во делови на Крим синоќа било пријавено снемување на струја. Регионалната енергетска компанија објаснува дека се работи за технички проблеми на далноводот меѓу Украина и овој црноморски полуостров што беше анексиран од Русија, на што се противат Киев и западот. Локалните жители велат дека немало струја во неколку градови на Крим, вклучително и во делови од главниот град Симферопол. Кримскиот дистрибутер на струја, Крименерго, соопшти дека воведува рестрикции, откако на далноводот управуван од украинската национална енергетска компанија, Укренерго, се појавиле технички проблеми и е исклучен поради поправки. Од Укренерго нема информации за случајот. Најголемиот дел од струјата на Крим, како и храната и водата, се обезбедуваат од Украина. Про-рускиот лидер на Крим, Рустам Темиргалијев го обвини Киев за тоа што немаат струја, според него, со тоа се „уценува “ Москва.
XS
SM
MD
LG