Достапни линкови

Самит за нуклеарна безбедност во Холандија


Подготовки за одржување на Самитот.

Подготовки за одржување на Самитот.

Денеска во Холандија започнува дводневен самит за нуклеарна безбедност. Делегатите од 53 земји ќе разговараат за начините нуклеарниот материјал да остане надвор од дофат на потенцијалните терористи. Предвидено е на самитот во Хаг да присуствува и американскиот претседател Барак Обама, кој рече дека намалувањето на ризикот од терористички напад или со атомска или со „валкана бомба“ е една од неговите главни надворешно- политички цели.

Холандскиот премиер Марк Рут изјави дека Меѓународната агенција за атомска енергија само лани пријавила 146 нуклеарни „инциденти“. Сепак, бројот на земји со доволно количество плутониум или збогатен ураниум за изработка на бомба падна од 39 во 2010 на 24 во 2014 година.
XS
SM
MD
LG