Достапни линкови

Путин и Меркел за ситуацијата по анексијата на Крим


Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел.

Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера телефонски разговарал со германската канцеларка Ангела Меркел за „ситуацијата што се појави“ по руската анексија на Крим, информира Кремљ.

Во соопштението се наведува дека двајцата лидери „изразиле задоволство“ во договорот за распоредување набљудувачи на ОБСЕ во Украина.

Набљудувачите ќе бидат сместени во девет града во Украина, но не е наведено дека ќе бидат распоредени на Крим.

Руското Министерство за надворешни работи во саботата соопшти дека мандатот на набљудувачите „ја одразува новата политичка и правна реалност и не се однесува на Крим и Севастопол кои станаа дел од Русија“.

Сепак, портпаролката на германската влада изјави дека ОБСЕ нема сомнеж во територијалниот интегритет на Украина.
XS
SM
MD
LG