Достапни линкови

СДСМ ги утврдува кандидатските листи


СДСМ во Скопје го одржува 17. работен Конгрес на кој делегатите треба да ги потврдат предлог листите за пратеници за претстојните парламентарни избори.

Претходно, Централниот одбор на СДСМ со мнозинство ги поддржал кандидатските листи на партијата. На листите не се наоѓа ниту еден член на раководството на партијата.

Централниот одбор и на конгресот на СДСМ ќе им предложи кандидатската листа за првата изборна единица да ја води Рената Десковска, за втората - Петре Шилегов, за третата - Марјанчо Николов, за четвртата - Хари Локвенец, за петтата - Васко Ковачевски и за шестата - Стојко Пауновски, објави државната новинска агенција МИА.
XS
SM
MD
LG