Достапни линкови

Се зголемуваат шансите за војна меѓу Украина и Русија


Не знаеме што има Путин на ум. Затоа оваа ситуација станува поексплозивна отколку пред една недела, рече украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Дешчицја.

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Дешчицја, рече дека шансите за војна меѓу неговата земја и Русија се зголемуваат.
Овде на Крим чекавме[на руска помош] и се надевавме на неа многу долго. Сепак, сега се осмелувам да ве уверам дека се гледа дека тоа не беше залудно. Уверен сум дека [Русија] ќе одговори на искрениот повик за помош од другите украински региони на истиот братски начин.
Сергеј Аксионов, премиер на Крим.

„Не знаеме што има Путин на ум... Затоа оваа ситуација станува поексплозивна отколку пред една недела“, рече тој за телевизијата Еј-Би-Си.

Претходно, в.д. претседателот на Украина, Олександр Турчинов, изјави дека висок командант на Украинските воздухопловни сили е киднапиран и се држи на Крим, откако во неговата база вчера упаднаа руските сили. Турчинов бара итно ослободување на полковникот Јулиј Мамчур, командант на воздухопловната база Белбек во близина на Севастопол.

Руски оклопни вчера упаднаа во базата, а руските војници разменија оган од автоматско оружје со украинските војници кои одбиле да се предадат. Најмалку еден украински војник беше ранет во судирот.
Сметаме дека она што го гледаме е замрзнатите конфликти да се користат како алатка за вето за членство во НАТО и ЕУ. Со други зборови, Русија е загрижена што земјата се врти кон запад и начинот да го реши тоа е преку упад, замрзнат конфликт, и сега никој не сака да размислува да ги внесе овие земји во НАТО затоа што тоа може да значи конфликт со Русија.
генерал Филип Бридлов, врховен командант на НАТО за Европа.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека руското знаме се вее над 189 воени објекти во Крим. Русија го запленила и украинскиот команден и контролен брод Славутич.

Премиерот на Крим, Сергеј Аксионов, во Симферопол предвиде дека руските сили наскоро ќе извршат инвазија и врз источна Украина под изговор дека на говорителите на руските јазик им треба заштита.

„Овде на Крим чекавме[на руска помош] и се надевавме на неа многу долго. Сепак, сега се осмелувам да ве уверам дека се гледа дека тоа не беше залудно. Уверен сум дека [Русија] ќе одговори на искрениот повик за помош од другите украински региони на истиот братски начин“, рече Аксионов.

Американскиот генерал Филип Бридлов, врховен командант на НАТО за Европа, денеска во Брисел предупреди дека Русија има распоредено голема воена сила на границите со Украина и дека тоа би можело да претставува закана за молдавскиот сепаратистички регион Придњестровие, што е многу загрижувачки.

Тој рече дека Русија „многу повеќе се однесува како противник, отколку како партнер“ со НАТО.

„Сметаме дека она што го гледаме е замрзнатите конфликти да се користат како алатка за вето за членство во НАТО и ЕУ. Со други зборови, Русија е загрижена што земјата се врти кон запад и начинот да го реши тоа е преку упад, замрзнат конфликт, и сега никој не сака да размислува да ги внесе овие земји во НАТО затоа што тоа може да значи конфликт со Русија“, рече тој.

Бридлов исто така рече дека оружјето на НАТО е преместено поблиску до Русија како одговор на мобилизацијата на руски сили на источните граници на НАТО и распоредувањето воени авиони во Белорусија.

Рускиот претседател Владимир Путин, пак, денеска во Москва нареди руската владина администрација да го преземе управувањето со Крим за една недела. Со декретот на Путин, полицијата, цивилната одбранам домашното разузнавање и другите владини структури треба да се усогласат со руските закони и процедури до 29 март.

Пред два дена Путин го потпиша законот за анексија на Крим од Украина. Руската рубља од утре станува официјална валута на Крим, покрај украинската гривна.
XS
SM
MD
LG