Достапни линкови

logo-print

Утре силен ветер, обилен дожд и пад на температурите


Архивска фотографија.

Архивска фотографија.

Утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег, а на некои повисоки места во западните делови од дожд и снег. Наместа врнежите ќе бидат пообилни особено во крајните западни и североисточни делови на земјава.

Локално е можна појава на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер, нагло опаѓање на температурата и ретки грмежи, а не е исклучена ниту појава на град. Ќе дува умерен, а повремено и силен јужен ветер, кој околу пладне и попладне повремено ќе достигнува брзина до околу 70 километри на час.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд.
XS
SM
MD
LG