Достапни линкови

logo-print

Погребан убиениот новинар на АФП во Кабул


Стотици луѓе и покрај поројниот дожд присуствуваа на погребот на новинарот на АФП во Кабул, Сардар Ахмад, кој беше убиен заедно со сопругата и две од нивните деца на возраст од 6 и 5 години. Тие се дел деветтемина цивили убиени во талибанскиот напад врз луксузен хотел во главниот град на Авганистан. Нападот во хотелот Серена во Кабул го извршија четворица вооружени тинејџери во четвртокот. Најмалиот син на новинарот, двегодишниот Абозар, го преживеа нападот и покрај тоа што е ранет во главата, градите и во ногата. Детето е во болница на интензивна нега.
XS
SM
MD
LG