Достапни линкови

logo-print

Иванов ја промовираше изборната програма


Европа во Македонија и Македонија во Европа, држава и економија кои создаваат нови работни места и Македонија дом во кој се гради благосостојба за сите, се трите програмски цели на кандидатот за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов.

Програмата со која ќе бара повторно доверба од граѓаните, Иванов на денешната промоција нагласи дека е продолжение од почнатото од првиот мандат.

Говорејќи за евроинтегративниот процес на земјата и спорот со Грција, Иванов рече дека нема да прифати каква било промена на Уставот и уставното име.

Силата на Македонија, како што рече, е во нејзината отвореност и поврзаност. Ќе продолжам со политиката на глобално, европски и регионално ниво. На блокадите од нашиот јужен сосед, посочи, ќе одоговриме со отвореноста и подготвеноста за дијалог.
XS
SM
MD
LG