Достапни линкови

logo-print

Иванов ја претстави својата изборна програма

Ѓорге Иванов, кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, ја претстави програмата за претстојните претседателски избори

Ѓорге Иванов, кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ, ја претстави програмата за претстојните претседателски избори

Европа во Македонија и Македонија во Европа, држава и економија кои создаваат нови работни места и Македонија дом во кој се гради благосостојба за сите, се трите програмски цели на кандидатот за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов.

Програмата со која ќе бара повторно доверба од граѓаните, Иванов на денешната промоција нагласи дека е продолжение од почнатото од првиот мандат.

„Најавувам програма на континуитет и доследност во ставовите на државните интереси, со нова енергија и перспективи за Македонија. Се раководи од интересите на Македонија и граѓаните, еднакво како и во програмата во 2009, Македонија да биде држава отворена кон сите, како татковина која лојално и посветено ја градиме како дом за сите нас“, рече Иванов.

Физичкото поврзување на регионите, нагласи тој, се труди да го надгради со поврзување на луѓето и државите преку економска и политичка поврзаност.

Говорејќи за евроинтегративниот процес на земјата и спорот со Грција, Иванов рече дека нема да прифати каква било промена на Уставот и уставното име.

Македонските граѓани, посочи, имаат право да одлучуваат за клучните национални прашања и оти нема да дозволи решенија за спорот без претходно да се изјаснат граѓаните на референдум

Силата на Македонија, како што рече, е во нејзината отвореност и поврзаност. Ќе продолжам со политиката на глобално, европски и регионално ниво. На блокадите од нашиот јужен сосед, посочи, ќе одоговриме со отвореноста и подготвеноста за дијалог.
XS
SM
MD
LG