Достапни линкови

logo-print

Египетскиот суд ослободи од притвор левичарски активист


Илустрација.

Илустрација.

Египетскиот суд го пушти да се брани од слобода водечкиот левичарски активист, Алаа Абдел-Фатах, кој речиси четири месеци е во притвор. Тој, заедно со уште 24 луѓе, е обвинет за учество во насилните протести пред египетскиот Сенат во ноември минатата година, каде што се расправаше за новиот устав којшто ѝ даде широки овластувања на египетската армија. Судот денеска нареди ослободување на Абдел-Фатах од притвор со кауција од 1.400 долари. Продолжението на процесот е закажано за 6 април. Алаа Абдел-Фатах беше еден од водачите на Арапската пролет во 2011 година кога беше соборен долгогодишниот египетски лидер Хосни Мубарак. Тој исто така му се спротивстави и на исламистичкиот наследник на Мубарак, претседателот Мохамед Морси, кој беше соборен од армијата во 2013 година. Организациите за човекови права, како и секуларистичките и либерални организации, го критикуваат притворањето на Абдел-Фатах.
XS
SM
MD
LG