Достапни линкови

СНСМ, ПСД и Титови леви сили заедно во коалицијата „ГРОМ“


Стевчо Јакимовски, претседател на ГРОМ и Драгиша Милетиќ претседател на Српската напредна странка во Македонија.

Стевчо Јакимовски, претседател на ГРОМ и Драгиша Милетиќ претседател на Српската напредна странка во Македонија.

Претседателите на Граѓанската опција за Македонија, Српската напредна странка во Македонија, Сојузот на Титови леви сили и Партијата на слободни демократи, Стевчо Јакимовски, Драгиша Милетиќ, Слободан Угриновски и Кире Гештаковски денеска, официјално ја објавија својата предизборна коалиција за претстојните претседателски и предвремени парламентарни избори. Тие потпишаа Декларацијата за заеднички настап на претседателските и предвремените парламентарни избори 2014 година и за формирање на коалицијата „ГРОМ“.

Јакимовски изјави дека тој нема да биде носител на ниту една листа, туку дека ќе остане на позицијата градоначалник на Општина Карпош.

„Моја задача на овие предвремени парламентарни избори, како и на претседателските, ќе биде да ја издигнам коалицијата ГРОМ на што е можно повисоко ниво, таа да освои што е можно повеќе гласови“, рече Јакимовски.
XS
SM
MD
LG