Достапни линкови

Турски вооружени сили собориле сириски борбен авион


Турски вооружени сили собориле сириски борбен авион, откако тој навлегол во турскиот воздушен простор, јавува турската национална телевизија цитирајќи турски воени претставници.

Сириските опозициски активисти велат дека владиниот авион бил соборен во близина на областа каде сириските бунтовници се борат против силите на претседателот Башар ал-Асад за контрола на граничните премини. Бунтовничките борци во регионот Латакија се во офанзива од петокот. Сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија, соопшти дека денеска се одвиваат „тешки борби“ околу Касаб - град со голема ерменска заедница. Сириската државна телевизија извести дека владините сили нанеле „тешки загуби“ на бунтовниците. Според нивните извештаи бунтовниците влегле во Сирија од Турција.
XS
SM
MD
LG