Достапни линкови

Турчинов - киднапиран висок украински командант во Крим


Претседателот на Украина Олександар Турчинов изјави дека висок командант на Украинските воздухопловни сили е киднапиран и се држи на Крим, откако во неговата база вчера упаднаа руските сили. Турчинов бара итно ослободување на полковникот Јулиј Мамчур, командант на воздухопловната база Белбек во близина на Севастопол. Руски оклопни возила упаднаа вчера во базата, а руските војници разменија оган од автоматско оружје со украински војници кои одбиле да се предадат. Најмалку еден украински војник беше ранет во судирот. Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руското знаме се вее над 189 воени објекти во Крим.
XS
SM
MD
LG