Достапни линкови

Самарас - За Грција почнува една нова ера


За Грција почнува една нова ера, изјави грчкиот премиер Андонис Самарас во специјално интервју за денешното издание на весникот „Вима“.

Самарас нагласи дека спогодбата, кој претходно оваа недела беше постигната со групата меѓународни кредитори (Европската унија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд), за отпуштање на следната транша од спасувачката помош претставува официјално признание за успесите на Грција во однос на финансиската консолидација и имплементацијата на радикалните структурни реформи.

Тој додаде дека катастрофалните сценарија, кои беа лансирани повеќе не важат и оти е затворена една тажна страница.
XS
SM
MD
LG