Достапни линкови

Лукашенко - анексијата на Крим е „лош преседан“


Анексијата на Крим е „лош преседан“, но сега регионот „ де факто“ е дел од Русија, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко. Запрашан околу неговото одбивање да ја поддржи руската анексија на Крим од Украина, Лукашенко изјави дека и со признавање и без признавање, денеска Крим е дел од Русија.

„Можете да го признае тоа или да не го признаете, но со тоа нема да се промени ништо“, изјави Лукашенко.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека руските сили минатиот месец беа распоредени низ Крим за да ги заштитат правата на оние кои зборуваат на руски јазик

Во источна Белорусија само осум проценти од населението се етнички Руси, но, рускиот е доминантен јазик што го зборува насекаде низ Белорусија, со тоа се покренува прашањето дали Русија во иднина може да ги искористи истите оправдувања и за Белорусија што ги даде за Крим.
XS
SM
MD
LG