Достапни линкови

logo-print

Протест на весниците во Ирак поради убиството на Овади


Шефот на Бирото на Радио Слободна Европа од Баград, Мохамед Бдави Овади.

Шефот на Бирото на Радио Слободна Европа од Баград, Мохамед Бдави Овади.

Десетици ирачки весници денеска не излегоа во продажба, во знак на протест поради убиството на познатиот радио новинар, шеф на Бирото на Радио Слободна Европа од Баград, Мохамед Бдави Овади. Тој вчера беше убиен на контролен пункт од страна на член на Пешмерга, стражата на ирачкиот претседател. Одлуката весниците денес да не излезат во продажба ја донесе Синдикатот на ирачките новинари. Тие го осудија убиството на Овади и го нарекоа „ грозоморно злосторство.“ Ирачката државна телевизија емитуваше снимки од осомничениот за извршување на убиството. Тој се наоѓа во полициски притвор откако премиерот Нури ал-Малики го посети местото во саботата и нареди негово апсење. Од Канцеларијата на ирачкиот претседател Џалал Талабани, убиството на новинарот го нарекоа „кривично дело“.
XS
SM
MD
LG