Достапни линкови

logo-print

Утре стартува претседателската кампања


Жребување во Државната изборна комисија (ДИК) за редоследот на претседателските кандидати на избирачкиот список.

Жребување во Државната изборна комисија (ДИК) за редоследот на претседателските кандидати на избирачкиот список.

Дваесетдневната кампања за претседателските избори закажани за 13 април започнува утре. Претседателските кандидати на овие петти избори за шеф на државата се актуелниот Ѓорге Иванов, како предлог на ВМРО-ДПМНЕ, Стево Пендаровски од СДСМ, Зоран Поповски од ГРОМ и Илијаз Халими од ДПА.

ВМРО-ДПМНЕ претседателската кампања ќе ја започне во Охрид, од каде редовно ги започнува своите изборни активности. Иванов денеска во Скопје ќе ја претстави својата програма за претстојните избори.

На Конвенција во Универзалната сала во Скопје СДСМ утре ќе го промовира претседателскиот кандидат Пендаровски.

ГРОМ и кандидатот за претседател Зоран Поповски кампањата ќе ја почнат во Лептокарија, во Општина Карпош во Скопје, каде во 19 часот ќе одржат голем централен митинг.

Кандидатот на ДПА Илјаз Халими утре во 18 часот заедно со своите сопартијци ќе ја претстави својата платформа на митинг во скопски Чаир.

Првиот круг на петтите претседателски избори ќе се одржи на 13 април, додека вториот круг од изборите на 27 април, за кога се закажани и предвремените парламентарни избори.
XS
SM
MD
LG