Достапни линкови

Отчет на ДУИ за сработеното - евроинтеграциите клучна партиска цел


Лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска во рамки на презентирањето на отчетот за сработеното, нагласи дека евроинтегративните процеси остануваат клучна цел на партијата.

„Ова е отчет за она што го ветивме во изборната програма од 2011 година. Имаме со што да се гордееме, затоа што се што е реализирано, ќе остане како наследство за генерациите што доаѓаат“, рече Ахмети.

Тој изрази уверување дека партијата оди во вистинска насока на остварување на стратегиските цели - целосна рамноправност на Албанците во Македонија, благосостојба и хармонија внатре во државата, но и мир и безбедност во неа и пошироко во регионот.

Ахмети меѓу другото истакна дека е оптимист кога се во прашање евроинтегративните процеси.

Покрај лидерот на ДУИ на отчетот се обратија и вицепремиерите Фатмир Бесими и Муса Џафери, како и шефот на пратеничката група Неџати Јакупи.
XS
SM
MD
LG