Достапни линкови

Заеднички погреб на „непријателски“ војници во Крим


Илустрација: Крим.

Илустрација: Крим.

Во Крим денеска се одржа заеднички погреб на украинскиот војник и припадникот на про-руската милиција кои беа убиени оваа недела, како единствени жртви откако руските сили ја презедоа контролата врз регионот. Сергеј Аксионов, премиер на регионот, изјави дека во главниот град на Крим, Сифмеропол, се погребуваат дваца „кримски херои“. Лидерот на про-московската полиција на Крим, Михаил Шеремет, изјави дека двајцата загинати се жртви на „провокација“ за време на престрелките во Симферопол во вторникот. Шеремет изјави дека убиствата сè уште се истражуваат од локалните власти.
XS
SM
MD
LG