Достапни линкови

Про-руски демонстранти упаднаа во украинска база во Крим


Илустрација.

Илустрација.

Про-руски демонстранти упаднаа во украинска воздухопловна база во западен Крим. Дописниците од местото на настанот јавуваат дека околу 200 неидентификувани демонстранти кои извикувале „Русија! Русија!“, упаднале во базата во градот Новофедоривка и почнале да кршат прозорци. Украинскиот воен персонал се барикадирал во зградите и фрла димни бомби врз демонстрантите од покривите на објектите. Во меѓувреме, руските сили ја опколија украинската воздухопловна база во Белбек во близина на Севастопол и им дадоа ултиматум на војниците да се предадат. Заменик командирот на базата, Олег Подовалов, изјави дека руските сили им дале еден час да се предадат пред да го почнат упадот.

Руските сили, пак, ја запленија единствената украинска подморница „Запорижиа“.

Неколку илјади луѓе во меѓувреме се собраа на про-руски протест во градот Доњецк во источна Украина. Многумина од демонстрантите извикуваат слогани во поддршка на референдум за отцепување од Украина.
XS
SM
MD
LG