Достапни линкови

Русија - украинските војници може да го напуштат Крим


Рускиот министер за одбрана Сергеј Шоигу нареди командата на Црноморската флота да ги пушти украинските вооружени сили кои сакаат да го напуштат регионот на Крим и да продолжат на украинска територија на организиран начин.

Портпаролот на Министерството за одбрана во саботата изјави дека украинските војници може да си отидат со сопствените возила, а до граница ќе бидат испратени со руска воена полиција. Според руското министерство, до вчера, помалку од 2.000 украински војници изразиле желба да заминат за Украина. На територијата на Крим биле стационирани повеќе од 18.000 украински војници. Министерството соопшти дека руски државни знамиња се истакнати во базите во Крим, исто така знамиња се истакнати и на 54 украински поморски бродови.
XS
SM
MD
LG