Достапни линкови

logo-print

Кина има снимки од можни остатоци од малезискиот авион


Малезискиот министер за транспорт Хишамуд Хусеин на прес- конференција

Малезискиот министер за транспорт Хишамуд Хусеин на прес- конференција

Малезискиот министер за транспорт Хишамуд Хусеин денеска изјави дека Кина има нови сателитски снимки кои би можеле да се поврзат со исчезнатиот авион „Малезија ерлајнс“. Тој на прес-конференција во Куала Лумпур истакна дека кинескиот амбасадор го известил дека се забележани предмети кои пловат на површината на водата на јужниот коридор и дека тие ќе испратат бродови за да го потврдат тоа. Предметот кој е забележан на снимките е долг околу 22 метри и широк околу 13. Се очекува Кина да соопшти повеќе информации во наредните неколку часа.
XS
SM
MD
LG