Достапни линкови

Загинаа тројца палестинци


Палестинските безбедносни сили соопштија дека тројца Палестинци загинале на Западниот Брег од израелски војници откако тие се судриле со гневни демонстранти. Официјалните претставници тврдат дека израелската војска ја опколила куќата на милитантот припадник на Хамас во бегалскиот камп и барала од него да излезе надвор. Кога тој одбил да излезе армијата упаднала во објектот и го убила. Во продолжение на соопштението е наведени дека утринава стотици лути жители и вооружени луѓе ги нападнале војниците при што загинале уште двајца Палестинци. Официјалните претставници велат дека двајцата палестински мажи загинале во последователните борби. Од израелската војска се уште нема коментар за случувањата.
XS
SM
MD
LG