Достапни линкови

logo-print

Над 30 жртви во сообраќајна несреќа во Пакистан


Триесет и пет луѓе загинаа а десетици се ранети при вчерашната сообраќајна несреќа во југозападниот дел на Пакистан. Несреќата се случила во раните утрински часови во областа Хуб. При самиот судир на три автобуси и една цистерна со нафта, веднаш починале 25 луѓе, а десетмина подоцна им подлегнале на раните. Локалните медицински служби соопштија дека голем дел од загинатите се уште не се идентификувани поради изгорениците на нивните тела.
XS
SM
MD
LG