Достапни линкови

logo-print

ДИК го отфрли поднесокот на СДСМ за Избирачкиот список


Државната изборна комисија најдоцна денеска треба да го заклучи Избирачкиот список за претседателските избори закажани за 13. април, по што ќе се знае на точната бројка на граѓани со право на глас на овие избори. Кампањата за претседателските избори започнува во понеделник на 24 март.

На вториот круг од изборите на 27 април се закажани и предвремените парламентарни избори. Имајќи предвид дека кампањата за овие избори почнува на 5 апарил, молкот по одлука на ДИК ќе биде на 12 и 13 април. Листите на кандидати за пратеници овластените претставници на предлагачите до ДИК треба да ги достават најдоцна до 29 март.

Државната изборна комисија (ДИК) синоќа ја заврши седницата на која откако ги разгледа, ги отфрли барањата и дописот од СДСМ за проверка на одредени податоци во Избирачкиот список.

Се дебатираше која е процедурата за дополнителна проверка на 202 лица во Избирачкиот список и дали и тие треба да бидат избришани од списокот или, како што предложи Бедредин Ибраими, Управата за водење матични книги да направи проверка дали се тие навистина починати, па потоа ДИК да донесе одлука. Барањата на СДСМ беа отфрлени по гласањето, на кои „за“ беа два члена, три против и еден воздржан.

Ибраими констатираше дека методологијата за Избирачкиот список функционира, бидејќи се откриени само 202 сомневања за починати лица од над илјада.

Првично СДСМ побара проверка на податоци за 26.515 граѓани, за потоа бројот да се намали на 14.492 лица, а најдолго се дебатираше за проверка на податоците за 1.045 лица. СДСМ смета дека тие се починати, а сè уште се во Избирачкиот список. ДИК по направената проверка утврди дека 843 лица се избришани од списокот, а спорни останаа 202 лица.
XS
SM
MD
LG