Достапни линкови

ОБСЕ ќе испрати набљудувачи во Украина со дозвола и од Русија


ОБСЕ се согласи да испрати до 500 цивилни набљудувачи во Украина во наредните шест месеци. Земјите членки на ОБСЕ, вклучително и Русија, се согласија на овој чекор на синоќешниот состанок во Виена. Русија претходно ги блокираше напорите на ОБСЕ за праќање набљудувачи во Украина. Во одлуката не е експлицитно наведено дека им се дозволува на набљудувачите да се распоредат на Крим, што беше анексиран од Русија оваа недела и покрај противењето на западните земји кои велат дека го сметаат Крим за дел од Украина. Мандатот на набљудувачите првично е за распоредување во градовите Херсон, Одеса, Лвов, Ивано-Франкивск, Харков, Доњецк, Дњепропетровск, Чернивци и Луханск со главна канцелатија во Киев. Според одлуката, мисијата на почетокот ќе има 100 набљудувачи, но нивниот број може да се зголеми до 500 во зависност од развојот на настаните.
XS
SM
MD
LG