Достапни линкови

logo-print

Временска прогноза- викендов сончево од понеделник дожд


Временска прогноза - сончево

Временска прогноза - сончево

Времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и топло. Утринската температура ќе се движи од нула до шест, а дневната од 18 до 24 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе се искачи до 21 степен.
Вo недела ќе биде суво и уште потопло иако преку денот ќе има извесно наоблачување. Дневната температура ќе се движи од 19 до 25 степени.
Потоа следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Вo понеделник врнежите наместа ќе бидат поројни и проследени со грмежи, а веќе од вторник ќе има и пад на температурата за неколку степени.
XS
SM
MD
LG