Достапни линкови

Бан Ки Мун: почитување на суверенитетот на Украина


Бан Ки Мун

Бан Ки Мун

Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун денеска во Киев го повтори повикот за мирно решение на кризата со Крим врз основа на Повелбата на Светската организација, вклучувајќи го почитувањето на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Тој ова го рече по средбата со привремениот украински претседател Олександар Турчинов. Бан Ки Мун кој вчера во Москва разговараше со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека побарал од двете страни да почнат директни и конструктивни разговори. „Светот ве гледа и историјата ќе ви суди“, изјави тој.
XS
SM
MD
LG