Достапни линкови

Двојките во четвртфиналето на Лигата на шампионите


Во седиштето на УЕФА во Нион денеска беа одредени четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите. Европскиот првак Баерн за противник го доби англискиот шампион Манчестер Јунајтед, додека во четвртфиналето ќе има и шпанска пресметка Барселона против Атлетико Мадрид. Реал Мадрид доби шанса за реванш против Борусија Дортмунд, по ланската елиминација во полуфиналето, додека последната двојка е дуелот на ПСЖ и Челзи. Натпреварите Барселона - Атлетико Мадрид и Манчестер Јунајтед - Баерн се играат на 1 и на 9 април, а дуелите Реал Мадрид - Борусија Дортмунд и ПСЖ - Челзи, а 2 и на 8 април.
XS
SM
MD
LG