Достапни линкови

Филе загрижен од блокирањето на Твитер во Турција


Еврокомесарот за проширување Штефан Филе изрази сериозна загриженост од блокирањето на Твитер во Турција. Во Твитер порака тој наведува дека слободата на комуницирање е едно од основните начела на Европската унија. Турција го ограничи пристапот до Твитер само неколку часа откако премиерот Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе ја „искорени“ оваа социјална мрежа. Многу корисници кои денеска се обиделе да влезат во Твитер се соочиле со соопштението на телекомуникациските власти во кое се наведува дека сајтот е блокиран по судска наредба. Турскиот претседател Абдула Ѓул изјави дека е недозволиво да се наложуваат целосни забрани на социјалните мрежи, а заменик премиерот Али Бабачан очекува блокирањето на Твитер да биде привремено.
XS
SM
MD
LG