Достапни линкови

Тимченко ги продал акциите во Гунвор


Генадиј Тимченко

Генадиј Тимченко

Рускиот милијардер Генадиј Тимченко ги продал неговите акции во нафтената компанија Гунвор, ден пред Соединетите држави да го стават на списокот на под санкции како одговор на руското припојување на Крим. Тимченко кој е близок соработник на претседателот Владимир Путин сите акции на компанијата регистрирана на Кипар, во средата му ги продал на неговиот партнер, шведскиот бизнисмен Торбјорн Торнквист, поради можните економски санкции од Западот, се наведува во соопштението на компанијата. Тимченко, кој има финско државјанство, е еден од 20 луѓе кои се најдоа на списокот за санкции на американското министерство за финансии.
XS
SM
MD
LG