Достапни линкови

Бан Ки-Мун денеска во Киев


Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-Мун денеска ќе отпатува во Киев во обид за намалување на меѓународните тензии во врска со Украина.
Бан ќе разговара со украинскиот претседател Олександар Турчинов и премиерот Арсениј Јацењук. Вчера Бан Ки Мун во Москва разговараше со рускиот претседател Владимир Путин. Во Москва, тој му кажал на Путин дека е длабоко загрижен во врска со Украинската криза. ОН соопштија дека Бан Ки Мун се надева дека ќе ги убеди руската и украинската страна да почнат директен дијалог за да се обезбеди политичко решение. Но светската оргазнизација, исто така, наведе дека 34-члениот мониторинг за човековите права на ОН, треба да распореди мисија во источна Украина до денеска.
XS
SM
MD
LG