Достапни линкови

Потрага во Индискиот Океан по исчезнатиот авион


Норвешки товарен брод е во потрага на дел од Индискиот океан околу 2.500 километри југозападно од Перт, Австралија, каде што сателитските снимки покажуваа два пловечки објекти кои би можело да се во врска со потрагата по малезискиот звион кој исчезна со 239 патници и членови на екипажот.
Норвешкиот товарен брод Хоегх Санкт Петербург користи рефлектори за скенирање на морето што овозможува подлабоко пребарување на двата објекти. Австралиската Поморска служба за безбедност објави дека комерцијален брод и екипи на австралиската морнарица исто така се на пат кон областа за пребарување. Вчерашните сателитските снимки на двата објекти дадоа нова надеж за наоѓање на авионот , кој исчезна додека патуваа од Куала Лумпур во Пекинг на 8 март.
XS
SM
MD
LG