Достапни линкови

ДИК- заврши рокот за изјаснување за приговорите


Државната изборна комисија вчера на попладневната седница ги разгледуваше поднесените приговори од ДУИ и СДСМ за Избирачкиот список.
Три часа, ДИК не работеше. На барање на потпретседателот Субхи Јакупи се чекаа податоци од МВР. дали на одредени адреси низ Македонија живеат луѓето кои се запишани во Избирачкиот список.
- МВР не ни даде никави податоци за тоа што баравме, изјави потпретседателот Јакупи.
Членовите од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека станува збор за чиста манипулација на СДСМ која нема законска основа. Според нив, апсурдно е да се бара бришење на луѓе од Избирачкиот список кои имаат уредни документи.
ДУИ бараше од ДИК да се проверат адресите на живеење на 453 гласачи. Опозицискиот СДСМ, пак, бараше проверка на податоците на 20.600 избирачи од 22 општини запишани во Избирачкиот список
Рокот за изјаснување на приговорите истече синоќа.
XS
SM
MD
LG