Достапни линкови

logo-print

Грчки наставници го окупираа Министерството за административни реформи


Атина

Атина

Грчки наставници денеска ја окупираа зградата на Министерството за административни реформи во централниот дел на Атина, на вториот ден од националниот 48-часовен штрајк против планиранoto штедење во државниот сектор.

Тие потоа беа отстранети од полицијата. Незадоволните наставници и за утре закажаа 24-часовен штрајк.

Истовремено околу 2.000 државни службеници излегоа на улиците на Атина за да протестираат против владините планови годинава да скратат вкупно 11.000 работни места во рамки на програмата за штедење, договорена со меѓународните кредитори.
XS
SM
MD
LG