Достапни линкови

Санкции меѓу САД и Русија


Обама ги прошири санкциите спрема Русија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:08 0:00

Обама ги прошири санкциите спрема Русија

САД воспоставија нови санкции спрема Русија - Москва му враќа на Вашингтон со санкции спрема американци. Обама идната недела во Европа.

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД наметнуваат натамошни санкции против Русија поради нејзината анексија на Крим. Обама изјави дека мерките се насочени кон високи руски претставници, како и кон лица и банка со значајни ресурси кои ја поддржуваат владата. Обама изјави дека ја потпишал извршна наредба која, исто така, може да води и кон санкции врз клучните сектори на руската економија, ако таков чекор се смета за потребен.
Овие санкции нема да имаат голем ефект само врз Русија туку и на глобално ниво. Како и да е, Русија мора да знае дека натамошна ескалација само натамошно ќе ја изолира од меѓународната заедница

„Овие санкции нема да имаат голем ефект само врз Русија туку и на глобално ниво. Како и да е, Русија мора да знае дека натамошна ескалација само натамошно ќе ја изолира од меѓународната заедница“.

Министерството за финансии на САД соопшти дека за 20 индивидуалци и Банката Русија. Во понеделникот САД и ЕУ воспоставија санкции за речиси 30 тина руси и украинци по анексијата на Крим.
Инаку Обама изјави и дека приоритет е да и се помогне на владата на Украина за да ја стабилизра економијата и основните потреби на луѓето. Тој го најави патот во Европа следната недела на самитот на Г – 7.

„Дипломатијата меѓу САД и Русија продолжува. Нагласуваме дека Русија се уште може да одбере поинаков пат кој ќе води кон намалување на тензиите и дипломатско решение со владата во Киев“.

Рече Обама. Претходно, францускиот претседател Франсоа Оланд дека планира да го откаже самитот меѓу ЕУ и Русија закажан за Јуни, поради руската анексија на украински Крим. Оланд ова го изјави пред самитот на Европската Унија во Брисел.

И Москва со санкции кон САД

Во меѓувреме, Русија ,исто така, објави санкции спрема официјални преставници на САД поради мерките на Вашингтон против Русија.
Станува збор за 9 американски законодавци и официјални преставници на кои ќе им биде забранет влез во Русија.

На листата се сенаторите Роберт Хернадез, Мери Ландри, Џон МекКејн, Даниел Коатс и како и лидерот на мнозинството во Сенатот сенаторот Хари Рид и спикерот на Конгресот Џон Бонер, како и советниците на Обама, Керолин Аткинсон, Даниел Фајфер и Бенџамин Родс.

Руското министерство соопшти дека не треба да има сомнеж оти соодветно ќе биде одговорено на секој чекор на САД.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG