Достапни линкови

Думата го ратификува договорот за припојување на Крим


Руската Дума денеска го ратификува договорот со кој Крим станува дел од Руската федерација. Договорот треба да биде ратификуван и во горниот дом на парламентот, што е превидено за утре. Руската анексија на Крим не ја прифаќаат западните земји, оценувајки ја како нелегална. Пред гласањето, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека унификацијата на Русија и Крим ќе донесе просперитет, а санкциите на Соединетите Држави и Европската Унија против Русија ги оцени како нелегални. Во меѓувреме во Брисел денеска и утре се одржува самит на Европската Унија на кој ќе бидат разгледани нови можни мерки против Русија.
XS
SM
MD
LG