Достапни линкови

Обама: Има шанси за договор за нуклеарната програма на Иран


Американскиот претседател Барак Обама денеска им порача на иранците дека има шанси да се постигне договор во врска со нуклеарната програма доколку Техеран превземе конкретни чекори за да го убеди Западот дека таа му е за мирољубиви цели. Во видео пораката по повод празникот Норуз, Персијска нова година, Обама изјави дека нема илузии, дека ќе биде тешко, но оти верува оти дипломатијата може да произведе решение. Договорот за нуклеарната програма со Иран ќе отвори нови можности и просперитет за иранскиот народ, изјави Обама.
XS
SM
MD
LG