Достапни линкови

Забранет изборниот спот на партијата на Ердоган


Изборните власти во Турција го забранија предизборното видео на партијата на турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган поради злоупотреба на државните симболи. Изборната комисија соопшти дека употребата на турското знаме во спотот е прекршување на правилата за локалните избори, кои ќе се одржат на 30-ти март. Во Турција со закон е забрането користење на државни и религиски симболи во политичка камапања. Но, Ердоган го отфрли таквото толкување, најавувајки дека ќе го смени законот.
XS
SM
MD
LG