Достапни линкови

Истрошени идеи под превезот на афери и скандали


Политичките партии нудат големи полициски акции и тешки корупциски скандали, наместо визии и идеи за подобрување на сосотојбите.

Занимавајќи ја јавноста со големи полициски акции и откривање тешки корупциски скандали политичките партии како да демонстрираат недостиг од визии и истрошеност на своите идеи и тоа што вистински треба да биде понуда за која се заинтересирани граѓаните, во која насока се движи земјата во ЕУ и НАТО интеграциите, економијата, вработувањата и зголемување на шансите за подобар живот во земјата, посочуваат експертите.
Имаат голем удел во тоа да ги спинуваат темите, и главни теми на разговор да бидат тепачките и притисоците. Тие го тераат тоа како паралелен процес за да ги затворат сите оние дупки од кадешто течат информации за нивните корупциски скандали.
Кире Василав, политиколог.

Политикологот Кире Василав и аналитичарот Рамадан Рамадани од институтот за слободна мисла НИСМА го коментираат однесувањето на власта и на опозицијата во предизборието.

„Мислам дека тие тоа го прават, имаат голем удел во тоа да ги спинуваат темите, и главни теми на разговор да бидат тепачките и притисоците. Тие го тераат тоа како паралелен процес за да ги затворат сите оние дупки од кадешто течат информации за нивните корупциски скандали, мафијашкиот синџир кој веќе е оформен“, вели Василев.

„На опозицијата не дека и фали визија, туку и недостасува пристап до медиуми и до јавноста да да ги каже своите визии, па затоа удира на полесно со шорт кати, па да види вака колку ќе успее“, вели Рамадани.
Кога ќе се откријат големи и комплицирани процеси и истраги кои се водат по неколку месеци, треба политички дополнително да се објасни зошто се прави во време на техничка влада.
Рамадан Рамадани, политички аналитичар.


Од друга страна, отварање на темите поврзани со корупциските скандали е најважна политичка тема која и не треба да се прескокне ако се знае дека таа се уште ги кочи останатите процеси во земјата, посочува Василев. Општеството доживеа тотална деградација на вредностите и тоа е една од причините зошто се враќаме назад.

„За да стигнеме до дискусијата за НАТО и ЕУ, ние мора да го преминеме прагот на корупцијата, ние мора да воспоставиме еден функционален систем.“

Одредени потези кои сега се повлекуваат од страна на институциите сега во предизборието бараат дополнително објаснување зошто се прават токму сега, посочува Рамадани.

„Кога ќе се откријат големи и комплицирани процеси и истраги кои се водат по неколку месеци, треба политички дополнително да се објасни зошто се прави во време на техничка влада кога и министерот за внатрешни работи и другите се под оставка зошто нека собрание.“

Дополнителен проблем во однесувањето поставеноста и настапот на политичките партии во предизборието е тоа што недостасува дебата во јавноста околу политичките понуди во пресрет на изборите, посочуваат аналитичарите. Ваквото водење на изборниот натпревар покажува како што велат колку сме ги изгубиле координатите како општество и колку наместо напред визите и можности за иднината ги враќаме назад кон потребата да воспоставиме базично функционален и правичен систем.
XS
SM
MD
LG