Достапни линкови

logo-print

Рускиот опозиционер Навални осомничен дека соработува со ЦИА


Руската про-владина телевизија НТВ објави извештај во кој го обвини опозиционерот Алексеј навални дека има контакти со ЦИА и оти добива пари од странство. Во извештајот се објавени и снимени телефонски разговори, како и снимки од состаноци во хотел, за наводни контакти на Навални со претставници на Европскиот парламент и агенти на ЦИА. Репортажата беше емитувана во истиот ден кога Њујорк Тајмс објави коментар на Навалани за тоа како да биде казнет Путин. Во него, Навални предлага забрана за патување и замрзнување на сметките на руски олигарси и други личности, кои, според него, се дел од опкружувањето на Путин. Инаку, Навални е во домашен притвор поради учество во ненајевни протести.
XS
SM
MD
LG