Достапни линкови

Гласањето во дијаспората и неговата контрола


Дел од партиите имаат приговори за гласањето во дијаспората. Од ДИК велат дека сега ќе бидат поподготвени, а ако има проблеми ќе го поништат гласањето.

Македонците од дијаспората по втор пат ќе имаат можност во амбасадите на земјата да гласаат на престојните избори. Но, токму еден од приговорите на политичките партии беше избирачкиот список на граѓаните кои се пријавиле за гласање во дијаспората. Од ДУИ побараа да се избришат 453 лица од списокот на амбасадата во Тирана. Додека телевизијата Алсат објави дека МНР испратило дипломати да лобираат за ВМРО-ДПМНЕ во Европа.
Кога се врши гласање во дијаспората нема системски притисок за да може да има евентуални неправилноста како што е кај нас во Република Македонија.

Потпретседателот на Државната изборна Комисија (ДИК), Схуби Јакупи вели дека искуството од минатите избори ќе им помогне сега да бидат поподготвени за гласањето. Според него избирачките одбори веќе се формирани и во нив има претставници и на политичките партии кои имаат свои кандидати во дијаспората.
Никола Рилкоски, претседател на Државната изборна комисија (ДИК) и членот на Државната изборна комисија (ДИК), предложен од ДУИ Субхи Јакупи.

Никола Рилкоски, претседател на Државната изборна комисија (ДИК) и членот на Државната изборна комисија (ДИК), предложен од ДУИ Субхи Јакупи.


„Кога се врши гласање во дијаспората нема системски притисок за да може да има евентуални неправилноста како што е кај нас во Република Македонија, така што јас мислам дека тоа што политичките партии ќе имаат свои претставници, нивни овластени луѓе кои ќе набљудуваат процесот, и ако има такви нерегуларности ние со приговори ќе ги разгледаме и тогаш ако има потреба и ќе ги поништиме изборите.“
Но мора да се има предвид фактот дека заинтересираноста и одѕивот на гласачите во странство беше на многу ниско ниво.

Од МНР велат дека тие само се надлежни за упатување на апел до македонските државјани за нивно пријавување во амбасадите и за прибирање на списоците со нивните имиња. Потоа, како што велат од МНР списоците на проверка ги испраќаат во ДИК и за таа намена има по еден дипломат кој ги извршува дадените обврски и комуницира со граѓаните.

Теодора Поповска од Мост кои на минатите избори имаа набљудувачи на 19 места во амбасадите вели дека не биле забележани некои посериозни нерегуларности.

„Но мора да се има предвид фактот дека заинтересираноста и одѕивот на гласачите во странство беше на многу ниско ниво. Заедничка карактеристика на гласањето во скоро сите ДКП- а беше и големиот број на гласачи кои сакаа да гласаат, но не беа запишани во избирачкиот список, ова пред се се должеше на несоодветната информираност на државјаните на Република Македонија кои живеат во странство за начинот и рокот за пријавување за гласање.“

Од МОСТ велат дека се уште не знаат дали и на овие избори ќе имаат набљудувачи во странство.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG