Достапни линкови

Ќе ја отвори ли Крим и балканската Пандорина кутија?


Се наметнува прашањето како пооследните случувања на Крим и референдумот ќе се одразат во регионот и на Македонија?

Последните случувања со Крим и референдумот ги отворија и прашањата како тоа ќе се одрази со регионот и со Македонија. Деновиве, претседателот на Собранието на Бујановац и поранешен лидер на ОВПМБ, Јонуз Муслиу, изјави дека доколку Крим се спои кон Русија по спроведениот референдум, тоа го олеснува процесот на обединување на Прешевската Долина, а слични барања имаше и во Молдавија во врска со Романија. Експертите велат дека евентуална опасност за Македонија може да произлезе од внатре, а не од соседните земји.
Колку ќе биде успешно или не ќе зависи колку се тие конструктивни во однос на демократските процеси и евроатлантските интеграции.

Илустрација.

Илустрација.

„Поранешниот командант на ОВПМБ веќе изјави дека и тој бара референдум во тој дел за да може и тој дел да го припои кон Косово, меѓутоа лошо е што тој веќе спомнува и Тирана да се вклучи во тој проект и тоа ми наликува на проектот Голема Албанија што директно и сигурно ќе се рефлектира врз Република Македонија“, изјави професор Владимир Пивоваров.

Според него, проблем е затоа што националистите од регионот не се замрени, туку тие своите идеи некогаш поумерено, некогаш понеумерено ги истакнуваат. Аналитичарот Мерсел Биљали смета дека опасноста доаѓа оттаму што Македонија не е земја членка на НАТО.
Колку таквите барање ќе бидат реализирани, пак пред сè зависи од внатрешната организација на Република Македонија, односно од нејзиниот напредок во секоја смисла, независно од тоа дали Македонија ќе стане членка на НАТО и ЕУ или не.

„Еве на пример руското малцинство во Молдавија веќе усвои некаков документ. Значи, тоа како домино ефект ќе почне да се рефлектира во повеќе делови, вклучувајќи го и Балканот. Колку ќе биде успешно или не ќе зависи колку се тие конструктивни во однос на демократските процеси и евроатлантските интеграции. Мислам дека застојот на Македонија е нејзина неповолна ситуација“, вели Биљали.

Благоја Марковски смета дека дека евентуални проблеми за Македонија може да произлезат од внатре, а не од тоа што Македонија не е членка на НАТО и ЕУ.

„Колку таквите барање ќе бидат реализирани, пак пред сè зависи од внатрешната организација на Република Македонија, односно од нејзиниот напредок во секоја смисла, независно од тоа дали Македонија ќе стане членка на НАТО и ЕУ или не“, вели Марковски.

Во меѓувреме дел од аналитичарите потсетуваат дека уште кога беше признавањето на Косово како држава постоеја многу предупредувања дека ваквиот начин ќе доведе до промени во европската карта. Русија сега се повикува на Косово, вели Пивоваров.

„Еден од изворите на дипломатското право е и дипломатската практика која заживува. Тоа беше случајот со Косово на што сега се повикува руската страна“, вели Пивоваров.

Аналитичарите дополнуваат дека и во светот има многу случаи каде одредени држави сакаат да ги задржат етничките заедници во свои рамки, меѓутоа дека со референдумот како на Крим може да им се даде непримерно право и тие да бараат отцепување од територии на националните држави. Во таа смисла, тие ги наведуваат примерите со Шпанија и Баскија, како и случувањата во северна Италија и во Белгија.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG