Достапни линкови

Руската Дума ќе ја ратификува анексијата на Крим


Руската Дума денеска одржува специјална седница, на која ќе го ратификува договорот со кој Крим ќе стане дел од Русија. Руската анексија на Крим не ја признаваат западните земји и ја сметаат за нелегална. Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун, денеска во Москва ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин, а утре ќе отпатува и во Киев, во обид да се смират тензиите. Русија од вчера веќе им издава руски пасоши на жителите на Крим. Киев, пак, соопшти дека ќе воведе визен режим за русите кои сакаат да влезат во Украина.
XS
SM
MD
LG