Достапни линкови

logo-print

Бан Ки Мун денеска во Москва, утре во Киев


Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун денеска во Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во напорите за намалување на меѓународните тензии во врска со Украина.
Бан утре ќе отпатува и за Киев, каде што ќе разговара со украинскиот претседател Олександар Турчинов и со премиерот Арсениј Јацењук.
Оваа посета доаѓа во време на засилена дипломатска пресметка меѓу Москва и Киев во врска со меѓународно непризнатата анексија на Крим од страна на Русија. Русија вчера започна да им издава пасоши на жителите на Крим, велејќи дека тие се руски граѓани.
Киев соопшти дека ќе воведе визен режим за Русите кои сакаат да ја посетат Украина.
XS
SM
MD
LG