Достапни линкови

logo-print

Осми состанок на Советот за безбедност на ОН за Украина


Украинскиот амбасадор во ОН Јуриј Сергеев

Украинскиот амбасадор во ОН Јуриј Сергеев

Украина и Русија се „судрија“ на синоќешниот состанок на Советот за безбедност на ОН во врска со анексијата на Москва врз Крим.
Украинскиот амбасадор во ОН Јуриј Сергеев изјави дека анексијата е нелегитимна и претставува насилно распарчување на украинска територија.
Рускиот амбасадор Виталиј Чуркин рече дека луѓето во Крим гласале слободно на референдум да и се приклучат на Русија и оти тоа е „исправување на историската неправда предизвикана од потегот со пенкало на поранешниот советски лидер Никита Хрушчов, кој и го подари Крим на украинската советска социјалистичка република во 1954 година“.
За време на состанокот, американската амбасадорка Саманта Пауер го критикуваше „руското флагрантно непочитување на глобалното мислење и на законските права на Украина“.
Ова беше осми состанок на Советот за безбедност на ОН за Украина во последните три недели.
XS
SM
MD
LG